Денес сме во Шуто Оризари да се видиме со нашите пријатели заедно со нашите коалициони партнери од нашата коалиција „Твоја Македонија“ кои што со години се со нас и постојано ни ја даваат поддршката насекаде, истакна денес Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа во ИЕ 2.

Јас сум благодарен што имаме вакви коалициони партнери односно што ВМРО-ДПМНЕ има пријатели насекаде. Денеска имавме убави средби тука со жителите на Шуто Оризари каде што може да се види дека животот е навистина се потежок и потежок. Но од друга страна драго ми е што гледам оптимизам и позитивна енергија за промени – рече тој.

Мисајловски порача: „Сите сплотени заеднички повикуваме на поддршка за Гордана Силјановска Давкова“.

Сите тука и од Шуто Оризари повикуваме дека време е за промени дека Македонија треба да биде повторно горда и на секој еден човек да му се помага, независно каде се наоѓа, дали е Македонец, Ром или нешто друго. Важно е сите сме луѓе сите да си помагаме еден на друг но за ова да се случи ни треба голема масовна мобилизација и поддршка од сите граѓани, за да го направиме ова сите на 24-ти треба да гласаме за Гордана Силјановска Давкова и потоа на 8 мај за да ставиме печат – рече Мисајловски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.