Министерот за одбрана, Владо Мисајловски вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21 рече дека со победата на Трамп, очекува Македонија да има поголем буџет во одбраната. Тој кажа дека при првиот мандат на Трамп како претседател на САД, буџетите во сите земји на НАТО се зголемиле, па така очекува да биде и сега.
Треба да признаеме дека најголемиот дел на финансии и модернизирање на одбраната на секоја земја членка на НАТО беше при првиот мандат на Трамп. Тога сите земји имаа зголемен буџет во одбраната на 2%. Нашиот буџет е над 2%, но чекувам дека ќе се зголемат овие проценти во одбраната, изјави Мисајловски.
Министерот за одбрана потенцира дека сега со Трамп очекувањата се дека ситуацијата во Украина ќе се смири.
Очекувам целата работа кон Украина да се движи кон мир, и такви се најавите дека Трамп ќе влезе во дипломатски разговори, рече Мисајловски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.