Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски преку статус на Фејсбук информираше дека вечерва бил во посета на селото Побожје.

„📍Посета на с.Побожје, Општина Чучер Сандево!

➡️Продолжуваме вечерва на средби со граѓаните на с.Побожје! ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата “Твоја Македонија” се постојано на терен во секое населено место, постојано имаме контакти со граѓаните, се слушаат нивните идеи, нивните желби за промена и надминување на оваа состојба на постојани порази на секој еден чекор во државата. Се согласивме дека промените се неизбежни и потребен ни е претседател на држава кој ќе работи исклучиво само за интересите на Македонија и за сите граѓани.

✅ Број 2️⃣ за Гордана Силјановска Давкова идниот претседател на Македонија!

🇲🇰 Продолжуваме!“, стои во неговиот пост на Фејсбук.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.