Кога разговараме со партиите за коалиција најважна беше програмата дали ќе се најдеме околу истата. Утре ќе биде потпишување на коалицијата, рече Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ на денешното гостување во Тема на денот што се емитува во рамки на централниот Дневник на телевизија Сител.

Мисајловски посочи дека се разговара со најквалитетните луѓе и оти тие се предложат за соодветни места.

„Ние не зборуваме само кој ќе има министер, туку дали ќе се има капацитет да ги спроведе проектите. Нас најважна ни е работата, реализација на проектите“, кажа Мисајловски.

Мисајловски посочи дека програмата за претстојните избори на ВМРО-ДПМНЕ е реална.

„За пензионерите ќе има 5.000 денари зголемување на пензиите, бидејќи едвај преживуваат. Потоа власта фрли околу 300 милиони евра наводно за автопати, а автопатите ги нема. Сите непродуктивни трошоци ќе пробаме да ги скратиме и да ги пренасочиме онаму каде што требаат“, рече Мисајловски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.