Да ја поздравиме нашата нова претседателка Гордана Силјановска – Давкова, дама што се бореше кога беше најтешко, дама која застана и тука пред вас пред пет години, жена која ја сака Македонија и жена од народот, ова денеска од митингот во Ѓорче Петров го истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.

Тој упати апел до професорката да не ги заборави овие луѓе од Ѓорче Петров кои во огромен број дојдоа денес да ја поддржат токму неа.

„Ќе имаме уште еден митинг за брзо тука во Ѓорче Петров каде што ќе говориме за останатите носители односно за Оливер Спасовски како носител во изборната единица број 2 и Фатмир Бетиќи, „ДА“ тоа е најдобрата понуда која можеше да ја даде СДСМ, има доста криминали, скандали и корупции кои ќе ги отвориме, но денеска сакам да завршам со една убава теза и убав момент, сите заедно да се сплотиме и да направиме историја во Ѓорче Петров има многу хиени што пробуваат да го каснат лавот, но знаете лавот секогаш победува на крај“, вели Мисајловски.

Додава дека треба да се сплотиме и да ја вратиме Македонија и да ја направиме горда, единствена и сплотена.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.