Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски информираше на Фејсбук дека денеска бил на средба со граѓаните на Шуто Оризари.
Тука можеме да констатираме дека граѓаните на Шуто Оризари се целосно заборавени од власта на СДСМ и ДУИ! Ветуваа живот за сите, подобар живот за младите, но младите како и возрасните поради лошите услови за живот и невработеноста се иселуваат и среќата ја бараат надвор од Македонија!
Затоа тука граѓаните се цврсто решени дека се потребни промени! И, драго ми е што гледам оптимизам и позитивна енергија за промени и подобра иднина!
Сите заеднички повикуваме на поддршка за Гордана Силјановска Давкова!“, стои во неговиот пост на Фејсбук.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.