Финансиски со договорот за Бехтел и Енка може да влеземе во огромна дупка. Само овој проект е преку 2 милијарди евра, плус 300 милиони за експропријација, плус дополнителни работи кои ќе се јават, а каде се сите оние други инфраструктурни проекти земени со кредити, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски за „Заспиј ако можеш“ на Алфа при што потенцираше дека веќе се платени преку 300 милиони евра, дел обврски и пенали а нема да се започне со градба.

Ваков договор треба да го добијат институции како што е Градежен факултет да се даде мислење, да се проверат цени, да се направи треба и ревизија и да се даде мислење. Овде само слушнавме дека некои зеле по 300.000 евра за да направат договор, рече тој.

Мисајловски посочи дека со овој договор е направена штета бидејќи се префрлени моментално стотици милиони евра, а не е започнато ништо.

Од Министерство за финансии пуштиле средства по договорот, а тие немаат одобрение за градба. Многу е важно по кои основи префрлаат пари, дали за подготвителни работи или за пенали. Најдобро е да излезат и да го достават до сите медиуми, да го видат народот и експертите. Овој договор е најголемиот договор кој некој го потпишал и ако се раскине ние ќе одиме на арбитража. Прашуваме дали таму ќе важи законодавството на Англија и Велс, а не нашето, затоа што така Македонија ќе биде во потчинета состојба, рече тој.

Тој потенцира дека многу е важно да се знае дека власта потпишаа закон без ништо со обврска дека нешто ќе се прави, што е прв случај досега.

За Актор и Синохидро и за сите експресни патишта досега договорите беа на увид, а овде се крие. И во Србија ваков договор бил на увид. Не сакаат да биде даден за да го скријат тоа што е во него. Сите овие патишта кои се дел од коридорите беа во програмата на ВМРО-ДПМНЕ, тезата на власта дека сме против овие патишта не држи, ние уште додека бевме на власт започнавме постапки. На пример Букојчани – Гостивар се побара грант од ЕУ и средства од банки да се почне фазно проектирање. Ние не го правевме тоа посебен договор, туку да се проектира согласно македонското законодавство, изјави Мисајловски.

Тој додаде дека има решенија, наместо со сила да се прават работите, да се дискутира  посебно во Собрание.

53 милиони евра пенали веќе мора да се платат. А тие презеле обврска дека ќе се плати ако не сменат од 40 на 60 работни часа неделно.  Опцијата да се најде начин да се подобри овој договор или да се оди на арбитража на која ќе изгубиме. Може да се подобри, но не како што бараат тие да не важат нашите закони, рече Мисајловски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.