Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник при денешната теренска посета од акцијата „ Ова е Македонија за сите“ ги посети населените места Радишани и Бутел каде разговараше со граѓаните за актуелната политичка ситуација, за локални теми, за квалитетот за животот и за младите.
-Денеска се наоѓаме во Бутел и како што можете да видите премногу граѓани доаѓаат на овие средби што ги организираме по мотото „Ова е Македонија за сите луѓе, каде што разговараме за многу теми. Разговараме за актуелната политичка ситуација, за локални теми, за квалитетот за животот, за младите и така натаму, изјави потпретседателот Мисајловски.
Мисајловски во текот на својата посета потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија која е различна од другите партии затоа што пред се е партија која ја сака Македонија , работи за граѓаните и е постојано со народот.
-Тимот што јас го предводам доаѓа од различни фели каде што навистина може да разговараме со сите граѓани за сите суштествени теми што ги задираат граѓаните. Како што може да видете во Бутел многу се разликува од минатото. Морам да го пофалам и градоначалникот Дарко Костовски, мора да ја пофалам и целата администрација, но и градоначалниците на Ѓорче Петров и Гази Баба бидејќи најмногу во изборната единица 2 одиме на тие места и може да се види огромна разлика. Во минатото велеа сите се исти, јас би рекол не се сите исти, ние сме многу различни. ВМРО-ДПМНЕ е различна партија што ја сака Македонија, партија што работи со народот и е со народот постојано, кажа Мисајловски.
Мисајловски укажа дека набргу доаѓа денот е важен за целиот македонски народ, а тоа денот кога ќе има избори и ќе се стави крај на политиките на СДС и ДУИ.
-На секои изјави мора да го потсетуваме македонскиот народ дека ова е многу важно прашање бидејќи набрзо доаѓа денот кој е најважен за сите во Република Македонија, а тоа е набрзо доаѓање на денот кога ќе има избори. Најважно е целиот македонски народ на тој ден да излезе и да гласа, да ја даде можноста ВМРО-ДПМНЕ да има што поголема разлика. Затоа ги замолувам сите граѓани може и некои се незадоволни да излезат и да ја дадат поддршката за ВМРО-ДПМНЕ, ако останат дома и да не гласаат, тогаш само победуваат ДУИ и СДС, вели тој.
На крај Мисајловски истакна дека повеќе од јасно е дека ДУИ ја води државата, а не СДС. Имено тој додаде дека тоа го покажува и последната информација дека премиерот Ковачевски сакал да си даде оставка, а ДУИ не му дозволиле.
-Гледате што се случува во Македонија, ДУИ ја води државата не СДС. Слушате дека премиерот сака да даде оставка, ДУИ не му дозволиле, заклучи тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.