Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска откри дека платата сега му изнесува 153 000 денари.

Во овој момент е исплатена платата според новите пресметки направени врз основа на одлуката на Уставниот суд. Мислам дека платата е 153 000 денари – рече Спасовски по дефилето „Јас внимавам и безбедно возам“.

Одговарајќи на новинарско прашање во врска со договорот за изградбата на делниците од коридорите 8 и 10д со „Бехтел и Енка“, како и за пораката од евроамбасадорот Дејвид Гир за употребата на европското знаменце при носење на законите, тој рече:

Јас навистина сакам некој да им објасни на граѓаните од Битола и од Прилеп дека во овој момент може да се стопира градбата на автопатот што го чекаат 50-60 години. Треба да се работи во насока на остварување на сите овие проекти за градење на коридорите 8 и 10д и во таа смисла да се почитуваат сите правила и законски норми што важат во  Македонија. Ова е еден од најголемите проекти чија реализација е исклучително важна. Градбата на инфраструктурата во една држава значи основа за економски развој – рече Спасовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.