Во салата на Владата, каде што се одржуваат прес-конференциите, мирисало на изгорени кабли.

Поради ова, доцнеше пресот на премиерот Димитар Ковачевски и на министерот за финансии, Фатмир Бесими. Тие беа префрлени во друга просторија, каде што вообичаено се одржуваат владините седници.

Службите на Владата треба да утврдат каде и поради што настанала миризбата во салата за прес-конференции. Од таму се земени и пултовите за говорење и префрлени во свечената сала.

Со оглед дека нема екрани, презентацијата, која е подготвена за прес-конференцијата, се емитува директно во етер, без прикажување во салата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.