Професорката Весна Јаневска го прозва министерот за образование и наука дека не превзема ништо за хаосот во кој се наоѓа образованието – закаснети учебници, закаснети и застарени обуки за наставниците, закани за бомби…

Министре Јетон Шаќири,
На улица се и наставниците и учениците во период пред тромесечие:
1. БРО на конкурс избра акредитирани здруженија за одржување обуки на наставниците. Се избраа и обуки во јуни, за да се реализираат во август, но тоа не се оствари. Обуките се одржуваат сега, пред тромесечие. Се губат часови, се преорганизира наставата… Згора на се’, наставниците велат дека реализацијата е многу лоша, ништо ново, техники од пред 15-20 години, а на обуките презентирани како иновативни, неподготвени обучувачи и слично.
2. Пак има дојава за поставена бомба во гимназијата ЈБТ. Сите на улица и по дома. И оваа закана е потпишана, па претпоставувам, полицијата пак ќе апси наместено дете, наместо да ги најде сторителите.
Министре, тука сте, превземате нешто?
Ова Вам на образование Ви личи, или на траги-комедија?
Жално!, вели Јаневска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.