Министре Шаќири,
Дали на Вас нешто Ви значат броевите 155, 170 или 180, прашува Проф. д-р. Весна Јаневска.
Министре Шаќири, тоа не се само троцифрени броеви, тоа се бројот на наставни денови кои согласно закон/календар треба да ги реализираат основните и средните училишта во текот на оваа учебна година.
Дали учениците оваа година ќе имаат толку наставни денови или ќе ги „пуштите низ вода“ годинава? Претпоставувам знаете дека со деновите на избори училиштата ќе изгубат 4 наставни дена. Веројатно не Ви кажале, а вам не Ви ни паднало на памет, затоа што изборите и изборната кампања (уште не почната) Ви се поважни од обврските, а наместо Вас овластени лица потпишуваат во МОН.
Значи, состојбата Министре е ваква:
Два дена се губат на денот на изборите, но и два дена ден пред изборите, затоа што нели треба да се подели избирачкиот материјал по избирачките одбори во училиштата и училиштето да се затвори, затоа што полицијата ги обезбедува овие објекти за другиот ден да има избори.
Ве потсетувам дека за зосновните училишта се предвидени 180 наставни дена.
Во јавните средни училишта во завршната година на образованието се остваруваат најмалку 155 наставни денови, а за сите останати години на образование се остваруваат најмалку 170 наставни денови.
Министре Шаќири да Ви беше вам до образованието ќе има дадевте насоки на училиштата, кои маки мачат како да ги реализираат законски предвидените наставни денови, ама Вие комплетно ги заборавивте. А одговорноста?
Уште малку, само уште малку.
Македонија пак ќе биде наша, заедничка со луѓе кои знаат, можат и сакаат да работат, пишува Јаневска на Фејсбук.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.