Oд Синдикатот на полицијата во Македонија упатија барање до министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски Барање за повисоки плати – ИТНО!

Почитуван Министре,

Најнапред да го поздравиме покачувањето на износот на минималната плата во Република Македонија на 22.500 денари од Март наредната година. Добро е да има покачување иако е тоа премалку за жал.

Но, се поставува прашањето кое сите нас во Полицијата не интересира- КОЈА Е ПРИДОБИВКАТА ОД ОВА ПОКАЧУВАЊЕ ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО МВР???

Бидејќи Вашиот самонаречен и самопрогласен за „единствен“ МПС толку помпезно си молчи за ова прашање и со измислениот нивни збор „социјален дилалог“ не прават ништо за ова прашање , како Синдикат јавно побаравме да го објават износот на ОСНОВНАТА ПЛАТА за да се знае колку е основната плата во Полицијата. Но одговор не добивме до денес и веројатно нема да добиеме затоа што износот на ОСНОВНАТА ПЛАТА НА ПОЛИЦАЕЦ во моментов е ни помалку ни повеќе туку 16.332 денари. Да стане појасно за јавноста колку изнесува основната плата за полицаец:

32,0243 ден.(вредност на бод) х 510 (бодови за полицаец) = 16.332 денари!

Затоа како Синдикат БАРАМЕ од МЕСЕЦ Јануари 2024 ГОДИНА:

ПЛАТИТЕ НА СИТЕ ВРАБОТЕНИ ВО МВР ДА СЕ ЗГОЛЕМАТ ЗА 15%.

Зголемувањето на платите за 15% почнувајќи од месец Јануари 2024 година ГО БАРАМЕ И ПРЕДЛАГАМЕ да биде од буџетот на Министерството за внатрешни работи за што сметаме дека МВР е способно да ги покачи платите од својот буџет, со оглед дека од неодамна пратениците од Вашата партија не го донесоа анандманот за покачување на платите во Полицијата за 10% .

„Да направиме од професијата полицаец една професија која ќе биде вреднувана во општеството а посебно во нашата држава“- зар не се тоа Ваши зборови г-не Спасовски?

ВРАЌАЊЕ НА ПРОФЕСИОНАЛИЗМОТ ВО ПОЛИЦИЈАТА!”



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.