Министерството за здравство остро реагира на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ преку кое партијата шири несигурност и паника меѓу граѓаните како и меѓу здравствените работници.
Министерството за здрвство и сите здравствени иституции навремено и професионално одговорија на појавувањето на треската. Секојдневно транспарентно ја информираме јавноста за состојбата со пациентите и за изолираните контакти кои се под лекарски надзор. Лага е дека надлежните не ги преземаат сите мерки како би се спречило ширење на заразата како и дека се шири треската. Нашите здравствени работници го даваат максимумот да одговорат на потребите на пациентите, се вели во реакцијата на МЗ.
ВМРО-ДПМНЕ да престане со празни, неосновани соопштенија да се обидуваат да шират страв меѓу граѓаните. Тоа е неодговорно и ниско ниво на политичка манипулација на чувствителни теми, додаваат од МЗ во реакцијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.