Министерството за транспорт и врски континуирано ја следи состојбата во М-НАВ, а од апсект на надлежности, нема законска надлежност да влијае врз интерните постапки за вработување, ниту, пак, да влијае врз финансиската самостојност на АД М-НАВ, информираат за МИА од ресорното Министерство.

-Во неколку наврати, Министерството за транспорт и врски апелираше на соработка меѓу Синдикатот, вработените и менаџметот на Друштвото. Уште еднаш апелираме на професионалност и стручност во функционирањето на М-НАВ, притоа состојбите со административните постапки во претпријатието не смееат да влијаат на тековното работење на оваа витална институција за државата, велат од Министерството за транспорт и врски.

Нагласуваат дека авиосообраќајот во земјава мора да се одвива непречено во континуитет и без прекини и во таа насока упатуваат повик до сите инволвирани на професионлност и обавување на основната функција на Друштвото.

-Во однос на внатрешните прашања поврзани со постапките за вработување, тие треба да се решаваат институционално и доколку има забелешки на постапките тие да се водат во системот на државата, порачуваат од Министерството за транспорт и врски



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.