Министерството за правда се уште нема абер од Турција кога би бил екстрадиран Љупчо Палевски – Палчо, осомничениот за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на 74-годишниот Панче Жежовски, објави „Фокус.мк“.

 

Министерот за правда Кренар Лога за време на посетата на Анкара имаше средба со министерот за правда Јилмаз Тунч на која беше информиран дека судскиот процес за Палевски е завршен и се очекува да завршат и административните процедури по што се очекува Палевски да бид екстрадиран во нашата држава. Кога ќе добиеме какви било нови информации во врска со екстрадицијата на Палевски, невреме ќе ја информираме јавноста, велат од Министерството за правда за „Фокус“.

Извор Фокус.мк



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.