Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести нема хоспитализиран пациент суспектен за мајмунски сипаници.
Во врска со пациентот кој се споменува во медиумите, според информациите од кичевската болница станува збор за суспектен пациент кој е во добра здравствена состојба и со уредни лабораториски резултати, кај кого е дадена препорака за тестирање, велат од Министерството за здравство.
Во моментов се организира епидемиолошки тим кој ќе спроведе епидемиолошка анкета.
Од Министерството додаваат дека до овој момент не е доставен материјал за тестирање во Институтот за јавно здравје и во државата нема потврден случај на мајмунски сипаници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.