Министерството за правда ги нарече неосновани тврдењата на претстедалот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски дека Законот за амнестија ќе се носи во скратена процедура со европско знаменце.

-Министерот за правда Кренар Лога уште од првиот ден, а исто така и на брифингот со медиуми кој се одржа минатата недела јасно кажа дека овој закон нема да се носи со европско знаменце и дека лично тој е против можноста од злоупотреба на европското знаме за носење на закони. ВМРО ДПМНЕ да не зазема став на празно, кога се информирани уште од првиот ден за сите детали. Законот за амнестија е ист како оној од 2018 година, со истите кривични дела за кои не е предвидена амнестија. Тој закон беше потпишан и поддржан од ВМРО ДПМНЕ. Колку и да сака ВМРО ДПМНЕ да амнестира свои поранешни избрани и именувани лица, таков закон нема да има, се наведува во соопштението од Министерството за правда.

Во однос на најавите за напуштање на Парламентот од страна на пратениците на ВМРО- ДПМНЕ, како што се посочува во соопштението, тоа е добредојдена вест за граѓаните на нашата држава.

– Немањето став за битни прашања и политиките на блокада подобро се изразуваат со напуштање на Собранието и тоа е гест за поздравување од наша страна. Можеби, господинот Христијан Мицкоски вака сака да и помогне на татковината со отворање простор за изгласување на уставните измени и отворање на патото кон ЕУ, се посочува во соопштението од Министерството за правда.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.