Постоечкиот клинички центар е многу стар и амортизиран од секој аспект, објектот не нуди соодветни услови ниту за вработените, ниту пак за давање соодветни услуги. Ова го изјави министерот за здравство, Беким Сали, во интервју за МИА, додавајќи дека проектот за нов клинички центар треба да се реализира.
Од Министерството за здравство, за ТВ21 велат дека новиот клинички центар е национално прашање, дека се водат преговори за неколку локации и дека е потребен широк политички консензус.
Во февруари 2019 година Владата донесе одлука – во општината Ѓорче Петров на површина од 90 хектари во доминантна сопственост на државата да се изгради нов Универзитетски клинички центар на локалитетот т.н. Веле Поле.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.