Министерот за одбрана на Република Бугарија, Тодор Тагарев денеска се сретна со вонредната и ополномошната амбасадорка на Република Македонија Агнеза Руси Поповска, соопшти Министерството за одбрана (МО). Двајцата изразија задоволство од добрата соработка и интензивниот политички дијалог во областа на одбраната, како на билатерална основа, така и во рамките на НАТО.
Во фокусот на нивниот разговор бил придонесот на Република Македонија во мерките за зајакнување на источното крило преку учество во мултинационалната борбена група на НАТО во Бугарија, со рамковната земја Италија, идниот развој на борбената група на ниво на бригада, како и транспортното поврзување.
Тагарев изразил поддршка за европската иднина на Република Македонија во исполнувањето на преземените обврски и ја истакна нивната важност не само за билатерална соработка, туку и за безбедноста и развојот на целиот регион.
Меѓу темите на разговорот беше и долгогодишната соработка во областа на образованието и обуката во областа на безбедноста, како и можностите за сè поинтензивно развивање, како од аспект на обука за различни специјалности, вклучително и воени лекари, и во областа на истражувачки проекти со европско финансирање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.