„Денеска на овој свет ден – 2 август, на денот на нашиот голем Илинден, се собравме во Смилево, срцето на македонската револуционерна борба“, вака министерот за внатрешни работи Панче Тошковски го започна своето обраќање пред присутните граѓани и делегации во историското Смилево, додавајќи дека токму овде, пред 121 година, нашите храбри предци го донесоа пламенот на слободата и ја запалија искрата на Илинденското востание.
„Тие покажаа дека мал, но горд народ, може да се спротивстави на тиранската власт и да се бори за својата слобода и независност. Македонскиот народ е народ со голема историја, но и со голема иднина. Ние сме народ кој сака да биде пријател со сите, но истовремено, сакаме и заслужуваме почит и достоинство. Нека е вечна мајка Македонија! Честит празник!“, рече министерот Тошковски, притоа додавајќи дека дојде време да ја подигнеме нашата глава, да го покажеме нашиот дух и да ја продолжиме нашата борба за подобра и посветла иднина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.