Дајте тоа што беше позитивна приказна во Ниш да ја повториме тука, повика денеска министерот за здравство Фатмир Меџити, на прес-конференцијата одржана на Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и ургентен центар (ТОУРАЛЕЦ) каде денеска првпат во јавното здравство во земјава, со асистенција на робот успешно е изведена операција на колено.
Да ја ревидираме таа листа на чекање, на операции. Да направиме и ние такво хумано дело со цел да не чекаат толку долго пациентите. Да покажеме дека еве, сакаме да направиме нешто повеќе за општеството, како општествена одговорност. Пред сѐ, ние сме хумани лица, вели Меџити повикувајќи ги македонските хирурзи да изведуваат операци за време на викендите без надомест, за да се намали листата на чекање за интервенции.
Одговарајќи за чекањето на термини за интервенции, директорот на ТОАРИУЛЦ, д-р Александар Трајановски рече дека има голем број на пациенти кои чекаат замена на вештачко колено и колк, но дека се трудат максимално да одговорат на нивните барања, колку што дозволуваат условите.
Наоѓаме простор колку што ни дозволуваат условите, реално имаме три операциони сали, Понекогаш остануваме да работиме и втора смена, со цел да се намали листата на чекање, листата е голема. Но, сепак еве и со консултации и договор со Министерството за здравство ќе најдеме решение за таа листа побрзо да се намалува. Мислам дека нема пациент кој чека повеќе од три до четири месеци, значи не е тоа итна патологија за да мора денес одма да се изведе операција, рече Трајановски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.