Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити на денешната средба со амбасадорот на ЕУ Дејвид Гир, му се заблагодари за поддршката кон евроинтеграцискиот пат, а европскиот дипломат потенцираше дека очекува Владата да се посвети во извршувањето на своите обврски.

Како што информираат од МЖСПП, на средбата се разговарало за повеќе актуелни теми, како што се бескомпромисната борба против криминалот и корупцијата, уставните измени и владеењето на правото.

-Стана збор и за општата стабилност и европскиот дух на новата Влада, велат од МЖСПП.

Министерот Меџити му се заблагодарил на амбасадорот Гир за укажаната поддршка на патот кон членството во големото европско семејство.Од друга страна, европскиот дипломат уште еднаш истакна дека граѓаните на Македонија го заслужуваат најдоброто и дека очекуваат Владата максимално да се посвети во извршувањето на своите обврски.

– Меџити упати благодарност за досегашната поддршка на ЕУ Делегацијата во реализација на капиталните инфраструктурни проекти, како и во процесите за пристапување на нашата држава кон Европската Унија, известуваат од МЖСПП.

На средбата се дискутирало и за статусот на тековните проекти  и за предизвиците во реализацијата на Секторската оперативна програма за животна средина и климатска акција во рамки на ИПА II.

– Идентификувани се предизвиците и се реафирмираше личната заложба на министерот Меџити и на Владата за надминување на истите и за забрзување на процесите за реализација на активностите од ЕУ програмските документи преку кои се користат средства од ЕУ фондовите, посочуваат од министерството.

Министерот Меџити му ветил на амбасадорот дека максимално посветено ќе работи за да покаже како се владее правично, чисто и чесно



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.