Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ ги коментираше уставините измени. Тој во „Дејли Клик“ на ТВ21 кажа дека Македонија веќе имала лошо искуство со промена на името, кога и било ветено дека ќе влезе во ЕУ, но тоа не се случи.

Сметам дека ние треба да одиме по моделот на Хрватска и Словенија. И тие имаа спор, па го решија со компромис. Мораме да бидеме многу внимателни, затоа што ние сменивме име, па не ни беше исполнето ветувањето да влеземе во ЕУ. Мораме да бидеме воздржани во однос на ЕУ, затоа што веќе имаме лошо искуство со промена на името и потоа следуваа блокади најпрво од Франција, па од Бугарија, изјави Милошоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.