Пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ оцени дека денешното обраќање на претседателот Стево Пендаровски во Собранието било празно полно со флоскули наменети претежно за СДСМ каде, како што рече, ќе одлучуваат дали тој ќе биде или нема да биде повторно кандидат за претседател следната година.
Милошоски рече дека Пендаровски ја релативизирал позицијата во која била донесена државата.
Се работи за претседател кој како политичар велеше дека тој што ќе го смени името ќе му ја вадиме душата, па потоа гласаше да се смени името и Уставот ветувајќи дека ќе се отворат европските врати, за денеска повторно да ја релативизира позицијата во која не донесе Владата, а тоа е ќорсокак на преземени обврски кои не можат да ги испорачаат, изјави тој.
Смета дека денешното обраќање на претседателот Пендаровски во Собрание ќе биде последно.
Се согласуваме со еден факт, а тоа е дека ова е неговото последно обраќање. Дали доколку не биде избран за претседател ќе ја напушти Македонија како што изјави во 2019 година оставаме тоа да биде негова одлука, подвлече Милошоски.
Во однос на критиките од власта упатени кон ВМРО-ДПМНЕ за процесот за пристап кон ЕУ рече дека тоа е знак оти власта се подготвува за опозиција.
Кога власта ја обвинува опозицијата за неуспесите за кои власта има капацитет да ги постигне или да не ги постигне, тоа е најдобар знак дека се спрема за опозиција. Со моменталната власт не можеше да се очекува подобра преговарачка рамка или меѓународни успеси, истакна Милошоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.