Одговорот на приоритетни дипломатски центри за недавање агремани Теута Арифи од ДУИ да биде амбасадорка не е само нарушување на репутацијата на кандидатката, туку и на нашата дипломатија и на државата која номинира кандидати кои не поминуваат, вели за „Слободен печат“ Антонијо Милошоски, ексминистер за надворешни работи и претседател на собраниската Комисија за надворешна политика.

Ако на одбивањето на Теута за амбасадорка во Брисел се надоврзе и претходното одбивање на Љубомир Фрчкоски за амбасадор во Вашингтон, односно од двата најважни дипломатски центри добиваме непријатни вести за имиџот на нашата дипломатија и на целата држава. Консеквенците од тоа нема да останат само за кандидатката, туки и за државата. Во изминативе 30 години не се случило да има ваква дипломатска бламажа – вели Милошоски.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.