Власта не може да ја убеди јавноста дека ова се последни отстапки кои треба да бидат направени со цел зачленување на Македонија во ЕУ. Ниту пак има гаранции за државата. Власта сама преземала обврски, а тие обврски не се пропорционални и се некорисни за Македонија, кажа Антонијо Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во емисијата „24 Анализа“ на Телевизија 24.
Кога веќе организираат средба за одредена тема или обврска која ја преземале како власт без да ја консултираат опозицијата пред една, две или три години тогаш на самото организирање на средбата ќе нема консензус за самостојно преземање на обврските кои се непропорционални и не корисни за Република Македонија, кажа Милошоски.
Тој потенцираше дека не случајно се организира денес лидерска средба бидејќи Владата точно знаела кога ДЗС ќе излезе со најновите податоци за растот на инфлацијата со галопирачки раст.
Денес уште еднаш се потврди дека Македонија е прва во регионот и меѓу првите 4 земји во Европа со највисока инфлација од скоро 20%, а ако одиме само на храната и енергенсите можеби инфлацијата тогаш е 40%, вели Милошоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.