Пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, за „Тема на денот“ во дневникот на Сител, изјави дека ВМРО-ДПМНЕ не била пообединета од тоа што е денес, затоа што и раководството и претседателот и пратеничката група се на една иста позиција, а главната тема е да се издржи и да се опстои на позицијата против менувањето на уставот под бугарски диктат.

Милошоски потенцираше дека сите работи кои странично се развиваат, вклучително и преписката со Груевски, се дел од тоа да се обзнани тоа што се дознава кои актери на политичката сцена во Македонија или надвор се обидуваат да удрат на ВМРО-ДПМНЕ, а направат фрагментација се со цел да се овозможат уставни измени

Сакаме да порачаме дека тоа нема да се случи без разлика кого ќе вклучат во оваа игра, истакна Милошоски.

Тој посочи дека целта на СДС, ДУИ и оние нивни високи функционери кои имале во изминативе 8 месеци директна или индиректна комуникација со Груевски била двојна.

Прво да се овозможи измена на Кривичниот законик со европско знаменце за да се олеснат одредени предмети каде што тој е засегнат, и второ за возврат тој да им овозможи внатре во ВМРО-ДПМНЕ а направи одредена фрагментација, а со тоа и да привлече да убеди пратеници да му помогнат на СДС и ДУИ за уставни измени. Затоа ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Мицкоски одлучија да стават крај на оваа неколку месечна соработка на релација Ковачевски, Ахмети Будимпешта, изјави тој.

Милошоски нагласи дека целта на ВМРО-ДПМНЕ е да се победи оваа власт и да се издржи на ставот против уставни измени под бугарски диктат.

Во однос на тоа што претседателот Мицкоски го соопшти, Милошоски изјави дека е врз основа на сериозно сознанија и документи кои ги имале СДС, ДУИ и Груевски.

Да се фокусираме на тоа да ја поразиме власта и да кажеме дека и со Груевски и без него уставните измени нема да поминат. ВМРО-ДПМНЕ беше против носењето на вакви измени. Прво, по однос на процедурата. Ваквите измени се носат со европско знаменце, во ниедна европска земја Кривичен законик не се менува за два дена“, истакна Милошоски.

Тој додаде дека со овие измени на Кривичен законик се увидело дека на ДКСК и Врховниот суд им биле дадени лажни или нецелосни измени на Кривичниот законик. Тие што ги добиле ДКСК и Врховниот суд биле различни од оние што се изгласаа во Собранието.

На крајот кога видовме што се случува, говоревме ПРОТИВ и гласавме ПРОТИВ. Сите од ВМРО-ДПМНЕ гласавме ПРОТИВ. Сите кои што бевме присутни видовме дека парламентарното мнозинство има кворум, 63 пратеници беа во салата од владејачкото мнозинство, и ние кои што бевме присутни тука со исклучок на оние кои што беа на службен пат, сите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ гласаа ПРОТИВ“, рече Милошоски.

Тој посочи дека ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи таков закон за амнестија каков што го најавува власта.

Го немаме се уште добиено законот затоа што во самата Влада има одредени несогласувања. Гледаме дека на различна линија се премиерот и министерот за правда, како што беа на различна линија и за измените на Кривичниот законик. Но, ние не би поддржале таков закон затоа што сметаме дека овој закон таргетира една целна група која што им е битна на владејачките партии и да им бидат тркачи на следните избори во кампањата“, појасни тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.