Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски на Твитер коментира дека министрите во владата декларативно поддржуиваат санкции против Белорусија, но истовремено еден од главните финансиери на партијата им е почесниот конзул на Белорусија.

Додека министрите реторички се за санкции и против Белорусија (од каде јуришаат тенковите кон Киев), на владата во МК главен бизнис партнер во РЕК и финансиер на партијата на власт им е почесниот конзул на Белорусија, Марковски од Битола, доби 26 милиони евра без тендер последниов месец – пишува Милошоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.