Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, му порача на претседателот Стево Пендаровски да не става потпис на измените на Кривичниот законик.
„Со злоупотребата на европското знаменце за политички дизајнираните измени на Кривичниот законик му се нанесува сериозна штета на правосудниот систем во Македонија.
Затоа, и од легалистички и од политички аспект, би било исправно доколку претседателот Пендаровски не го потпише овој законски проект на ДУИ и СДСМ и законот за измени во Кривичниот законик го врати на повторна расправа во Собранието.
Таквиот потег на Пендаровски првин ќе значи спротивставување на владината злоупотреба на европското знаменце, а истовремено ќе даде шанса и за јавна дебата на оваа тема со Адвокатската комора, Здружението на судиите и на катедрите за кривично право при правните факултети во државава“, смета Милошоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.