Според мене бројот на пратеници кои нема да гласаат за уставни измени е поголем, денеска имаше пријатно изненадување, уште еден пратеник обелодени дека е против. Пратеникот од Партијата на движењето за правата на Турците, објави дека ги смета овие амандмани за неуставни, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски за „Тема на денот“ на Сител.
Тој истакна дека власта бркајќи пратеници во опозицијата и споменувајќи раздор, почнува да ги губи своите пратеници.
Гледаме дека пратеници излегуваат од мнозинството и формираат други партии, а гледаме и дека други пратеници амандманите ги сметаат за неуставни. Затоа нашето очекување, она што денес го имавме на комисијата, да се повтори и на 18 август односно владиниот проект за кој нема политички, општествен, национален консензус и е генерално диктирана обврска од Софија, да не помине во Собрание и да не се случат уставните измени, потенцираше Милошоски.
Тој нагласи дека суштината на однесувањето на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата е дека ќе гласа како и денес, против уставните измени.
Милошоски додаде дека власта може и да ја одложи пленарната седница за да купи време како што купуваше досега, но уставните измени нема да се случат.
Во однос на преземените обврски кон Софија, власта нема кредибилитет ниту пак кредит кај самата меѓународна заедница да убедува некој друг. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ предложи да има опција одложено дејство се со цел Македонија да ја исправи грешката која лековерно ја направи Ковачевски. Бидејќи видовме дека од страна на власта само се спомнуваа тие сериозни предлози ние кажавме дека единствена опција се нови избори. Ние во овој процес сме против уставни измени и ќе понудиме опција за предвремени избори, изјави Милошоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.