„Забега министерчево! Порачува ‘Сус!’ за историчарите, но и за целата јавност!”, коментира режисерот Владимир Милчин, по изјавата на министерот за надворешни работи Бујар Османи, во која тој вели: „Политичарите да не коментираат историски прашања, историчарите да не коментираат политички прашања. Историчарите не смеат да зборуваат за процесот што ги дефинира политичките прашања“.

Милчин на Фејсбук пишува: Ќе дели дозволи за ‘благонадежните’ кои ќе смеат да ги коментираат, односно да им аплаудираат на политичарите? На власта која не трпи критика и кога е боса, односно некомпетентна за проблемот, како што е некомпетентна за историјата. Грдо е да распродаваш туѓа историја и згора на тоа да наложуваш молк!

ПС. Ќути кад разговараш са мном, ни наредуваа капларите во ЈНА. На тоа ме потсетува Бујар Османи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.