Колку сме уназадени всушност во нашиот пркос, во нашите барања и нашите сфаќања од пред само неколку години, вели аналитичарот Ивор Мицковски коментирајќи ја апатијата околу сè она што ни се случува.

Имаме најголема инфлација и најголемо поскапување во цел регион и Европа.
Грцине излегоа на генерален штрајк у далеку полесна ситуација.
Ама тоа што посебно ме иритира, повеќе не е нашата апатичност пред неспособноста и неостварените ветувања.
Ме нервира што толку сме мртви и поткупени ко народ, институции, држава, што во исто време додека сме најсиромашни, власта си продолжува со криминал и корупција, со партизација и непотизам, со местење судии и обвинители, со понижување на сопствениот народ преку трули договори и лажен напредок.
Е тоа е смртта на еден народ и една држава, кога со се ова мирно и мизерно може да живее.
Колку сме уназадени всушност во нашиот пркос, во нашите барања и нашите сфаќања од пред само неколку години, вели тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.