Според членот 5 од Кодексот, носителите на извршни функции во своето работење се посветени исклучиво на јавниот интерес на и општото добро на Македонија и нејзините граѓани. Според членот 6, водат сметка со своето однесување да не наштетат на интересот или угледот на Македонија, Владата и институциите со кои раководат. Според членот 9, одговараат неселективно, навремено и аргументирано на прашања и коментари на јавноста и засегнатите страни за сите аспекти од своето работење и работењето на својата институција, потенцира Ивор Мицковски во случајот со 28-годишната водителка Бесмира Ејупи за која на затворена седница беше преложено да стане генерален конзул на Македонија во Њујорк, САД.

Со ова се обврзани да одговорат: кој е јавниот интерес за општото добро на Македонија со одобрувањето на конкретниот предлог за генерален конзул во Њујорк, дали и како со тој предлог се штити угледот на земјата и институциите, и зошто се бегаше од транспарентен одговор на овие прашања?, потенцира Мицковски.

Уствари со ова именувањето свако јаки нестручни особи за конзулати или што и да е, повторно се проблематизираат сите измислени позиции по Влади и министерства, као национални координатори, први вицепремиери, вицепремиери за корупција и заменици за добро владеење, болумента советници и аналисти на медиуми кои се платени да изигриваат мебел, да се алармираат и водат хајки само на владини критики, да не прават апсолутно ништо додека зимаат плата, или просто да ловат путер и драпаат мадиња, коментира во свој стил Мицковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.