Смртта на ракометарот Денис Тот ја потресува јавноста последниве денови. На асфалтот пред дискотеката „Привилиџ“ згасна млад живот. Имаше само 27 години. Оваа смрт освен што е семејна трагедија, таа е и општествена. Се проширија многу шпекулации за она што се случило кобната ноќ пред дискотеката, а трагедијата е што тие потекнуваат од официјални лица, авторитети, директорката на КАРИЛ Маја Мојсова и МВР.

Иако првично медиумите јавија дека ракометарот на Бутел бил претепан, директорката на КАРИЛ тврдеше дека немало видливи траги на телото на сега починатиот. МВР потврди, за под притисок на семејството на ракометарот и хрватската дипломатија, да излезе дека сепак, не се медиумите тие кои шират невистини, туку здравство и МВР. Кој и зошто се обиде да го прикрие убиството на младиот ракометар?

На ова реагира аналитичарот Ивор Мицковски, кој напиша:

Се избрука државата, зошто многу крими фаци имаат конекции со власта, зошто се лажираа извештаи, зошто дури и да било стратегија на истрага, се создаде комуникациски и институционален хаос за едно очигледно злодело.
Сега срамот е двоен.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.