Аналитичарот Ивор Мицковски, коментира дека во најмала рака, е лицемерно од француските преставници да учествуваат во плиткиот и нереален наратив на нашата Влада за членство во ЕУ до 2030 година.
Лицемерно е затоа што веќе еднаш го блокираа нашиот почеток на преговори и го сменија пристапниот механизам, а потоа затоа што ги европеизираа бугарските националистички и ревизионистички барања.
Дури почнаа и еден хегемонистички проект како ЕПЗ, каде треба да учествуваат 44 земји, кога веќе 27-те од ЕУ не можат едногласно да се договорат.
Ова е бесцелна француска акробација која има за цел француските интереси да ги маскира како европски, а нас кутрите да не закочи додека на домашната политичка елита ќе и даде средства за глумење проактивност.
Класичен утопизам е и Европската политичка заедница и нашиот влез во ЕУ до 2030 година, пишува Мицковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.