Ќе тонат и понатаму, а за жал и ние и цела држава заедно со нив, вели Ивор Мицковски, анализирајќи го денешното излагање пред јавноста на премиерот Димитар Ковачевски, кој коментирајќи ги ниските рејтинзи и ставот на мнозинството граѓани дека државата не се движи во правилна насока посочи дека анкетата на ИРИ била правена по период кога во земјава „владееше хистерија за прифаќањето на предлогот за почеток на преговори“.
Хистеријата околу францускиот предлог била причината за нискиот рејтинг и фактот што 60% од граѓаните сметаат дека државата оди во погрешна насока.
Така нашиот премиер одбрал да ја толкува анкетата, со новогодишни желби дека следната ќе била подобра.
Инаку, хистерија создаде власта за да остане допадлива во западни очи, единственото нешто што ја оддржува на власт, хистерија дека мора да прифатиме нешто што е сосема неприфатливо.
Во таа хистерија жестоко нападнаа, секако поддржани од медиумската болумента, невладини, поединци, експерти, поранешни министри и истакнати личности, странски тинк-тенкови, експерти и државници кои се обидуваа да ја информираат јавноста и да ја објективизираат реалноста.
Јавно и тајно насилство извршија ништо помало од стилот на Грујо што ги води во анкетите.
И продолжуваат по тој пат, што значи ќе тонат и понатаму, а за жал и ние и цела држава заедно со нив, коментира Мицковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.