Дебата исфингираа. Финтата со странски гости и пораки пак ни ја сервираа.
Сите платеници, сите што вадат леб од јавни и владини пари ги истопорија да го бранат неодбранливото, коментира Ивор Мицковски.
Протоколот не го објавија, моравме од бугарски извори да го читаме.
Сите странски експертски мислења ги игнорираат.
Сите домашни експертски и критички мислења ги игнорираат.
Наместо да делуваат превентивно против насилниците, политички си играат со насилството за сите да ги стават во иста корпа и да испаднат жртви.
Нивните ботови и платеници исповреѓаа се што можеше да се исповреѓа граѓанско.
Но, пак останува најболниот факт, против вистината и аргументите, против европските вредности и нашите национални интереси, исполажаа, искреираа, договорија и ветија на странци дека ќе потпишат далекусежно штетен документ и ќе прифатат преговори каде се внесени бугарските барања и погледи на штета на нашите.
И кога нема да успеаат да го променат Уставот со 2/3 мнозинство, виновни ќе испаднеме ние, а не Бугарите.
Промашија се што може да се промаши – пишува Мицковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.