Kоментирајќи го предлогот на Емануел Макрон лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски потсетува дека тоа е стар предлог на Франција, но она што е ново е што Владата на Ковачевски не дава отпор.
Владата во Македонија не смее да се согласува на утешителни награди кои служат како алтернатива на Европската Унија. Тоа претставува изневерување на нашите искрени намери за членство во Унијата. Таквите предлози треба побрзо да се отфрлат, затоа што е преголема нашата инвестиција во Европската Унија. Она што Владата треба да го направи сега во разговорите со Бугарија, е да не дозволи бугарските позиции, кои се максималистички, да станат дел од општата преговарачка рамка која ќе стане услов за секоја идна влада. Моите информации говорат дека во моментот постојат такви обиди на проширување на преговарачката рамка, на што Владата треба да се спротивстави. Доколку сега се попушти, сериозно се разнишува позицијата на државата и се остава багаж за секоја идна влада-вели Мицкоски во интервју за „Дојче Веле“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.