Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, при посетата на градежни активности во Кавадарци одговараше и на новинарско прашање, кое се однесуваше на најавата за прогласување на енергетска криза и апелите од страна на Бектеши да се штеди енергија и рече дека најверојатно живееме во различен свет со владата, бидејќи граѓаните секако штедат.
Граѓаните, вели Мицкоски дека немаат можност да си дозволат повеќе и секако се доведени на работ на амбисот.
Можам да констатирам со жалење дека најверојатно живееме во некој поинаков свет со овие од владата, но јас ги разбирам, не можам да ги оправдам. Тие секојдневно се на климатизирани простории, газат дебел црвени персиски килими, седат во кожни фотелји, се возат со возила кои ги плаќа народот, јадат на сметка на народот, пијат кафиња гледаме и јадат бифтеци одредени министри на сметка на народот, практично живеат на сметка на народот и затоа не живеат во ист свет заедно со народот.
Кога сме кај енергетската криза, би сакал да потенцирам две работи:
Од април месец предлагам зафати, година дена веќе зборувам дека до ова ќе дојде и сега е веќе доцна, сега состојбата е алармантна. Сега веќе не нѐ спасуваат чуда и тоа го знае претпоставувам секој еден експерт во областа, не верувам дека овие од владата го знаат бидејќи немаат елементарно познавање што нѐ чека, но секој еден експерт во областа знае дека ние не сме подготвени да ја дочекаме ниту есента, ниту грејната сезона ниту зимата, односно да ја пречекаме на нормален начин. Ќе треба многу пари, задолжување итн за да некако ја поминеме иако сум сѐ уште исплашен дека се можни рестрикции, да се вратиме во времето пред 40 години кога за жал тоа ни беше секојдневие.
Мицкоски запраша зошто владата ако ја имаат работата под контрола, бараат кризна состојба.
Јас реков во една прилика дека кризна состојба поради енергетската криза можеме да поддржиме, но откако ќе видиме како се потрошени парите при претходната кризна состојба поради енергетската криза, да видиме да ни објаснат како тоа битумен за едно ЈП цистерна чини 1200 евра, а за другото 12.000 евра. Да ни објаснат како се даваат тендери во четири очи за ископ, да ни објаснат тендери во четири очи за набавка на мазут, да ни објаснат како се давани и правени тендерите за превоз на увезениот јаглен, итн.
Имаме многу непознати кои треба да ги објаснат бидејќи тие, на крајот од денот се народни, пред да, народните избраници кои го претставуваат народот таму, да се сложат за нова кризна состојба поради енергетската криза, рече Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.