Бугарските барања како услов за тргање на ветото за отпочнување на преговорите на Македонија со Европската унија се максималистички, наспроти очекувањата на пошироката јавност, премиерот Петков има потврди позиции дури и од поранешниот министер во владата на Бојко Борисов, Красимир Каракачанов.
Ова го истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, професор д-р Христијан Мицкоски во неговото денешно интервју во емисијата „Стадион“ на радио Канал 77, при што истакна дека се плаши од дипломатската капитулација која може да му се случи на Македонија, која што земјата ќе ја втурне во дополнителни проблеми.
Мицкоски додаде дека тоа значи дека, трите услови кои што ги поставува бугарската страна како, почитување на бугарската Декларација, внесување на Бугарите во македонскиот Устав и Договорот за добрососедство да влезат во преговарачката рамка, тоа ќе значи дека при евентуално отпочнување на преговорите во секое поглавје да можат да не блокираат.
Петков излезе, според мене, со изјава потврда дури и од позициите на Каракачанов. Тој даде изјава од три дела и вели вака, имаме три услови. Првиот услов е Декларацијата на бугарскиот Парламент да се почитува, тое е од ноември 2019 година, што е катастрофално. Второто е, Бугарите да бидат дел од уставот и третото е Договорот за добрососедство- рече Мицкоски
Мицкоски истакна дека Македонија ја водат корумпирани и криминализирани политичари, кои што коленичат за милост по странските амбасади и кои што одат по линија на помал отпор, зборувајќи за тезите дека ако сега потпишеме договор со Бугарија, затоа што секој нареден би бил полош од сегашниот, како што било и со договорот со Грција, теза која што последно време ја пласираат поранешните високи државни функционери.
Тоа е така ако зборувате со корумпирани и криминализирани политичари, но ако зборувате со луѓе кои што имаат јасна визија како треба да се развива Македонија, тогаш тоа ќе ви биде во втор план. Да, корумпиран и криминален политичар коленичи во амбасади, бара милост и се потпира на ова. А политичар кој што знае како, има план, работи посветено, работат мотивирано, работи чесно тогаш нема потреба да коленичи по амбасади и нема потреба да потпишува вакви капитулантски договор – истакна Мицкоски.
Додаде дека себеси и како човек и како политичар и луѓето со кои што работи, се сметаат во првата група на генерација политичари која што знае каде треба Македонија да оди, кои што работат многу мотивирано, многу чесно, многу посветено.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.