Исклучително значаен момент за жителите на Кочани. Како што кажа градоначалникот ваква работа се случува еднаш во неколку децении. Со ова ќе се намалат драстично техничките загуби во самиот цевковод, а жителите на Кочани ќе добијат поквалитетна вода која што е од особено значење за нивното функционирање.
Еве и јас ја користам приликата да им се извинам што во текот на вчерашниот ден е излезено надвор од планираното време при спојувањето и снабдувањето со вода, напомена лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Како што кажа градоначалникот во исклучително тешки временски услови изведувачот на активностите успеа во рамките на своите можности, би рекол како инженер, во рекордно време да го заврши тоа преспојување. Но и самата изведба бидејќи тука бевме на почетокот на активностите некаде во декември месец, сега сме април и можеме да кажеме дека за помалку од 4 месеци е изведена целата траса и сите технички технолошки зафати кои се неопходни за да се добие нова функционална целина.
Според него, Општината исто така во делот на административните работи беспрекорно ги завршува своите активности и очекувам и понатаму да се продолжи со реконструкција на водоводниот систем.
Зборувавме и со градоначалникот и со директорот, но и со останатите присутни за како да се оптимизира производството, а да се намалат трошоците за да се задржи при исклучително висока цена на енергенсите, ниската цена на водата и дури и да се намалува.
Знаете дека снабдувањето со вода е регулирана дејност и убеден сум дека во најмала рака во периодов е дека нема да има покачување на цената на водата, а зошто да не и со оптимизирање на трошоците истата да се намали. Ќе повторам при исклучително висока цена на енергенсите и на електричната енергија која што овде е потребна поради пумпите кои го снабдуваат градот Кочани со вода.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.