Задоволство е секогаш кога се посетува кога нешто се прави, кога има со што да се покаже разлика, споредено со тоа што не го прави владата, изјави лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за време на посетата на Кавадарци.

Овде во Кавадарци навистина градоначалникот Јанчев прави исклучително големи работи, еве овој капитален проект донација како што бев информиран од 2 и пол милиони евра и е значаен за Кавадарци и кавадарчани, бидејќи не само во делот на безбедноста, туку и прифаќањето и наведувањето на атмосферските води ќе помогне со овој проект и нема да се случуваат онакви порои и немили настани како што се случувале во минатото.

Но, не е само овој проект, многу проекти се случуваат овде во Кавадарци, а јас очекувам дека така ќе продолжиме уште позасилено периодот што следи, а по формирањето на новата влада која ќе ја формира ВМРО-ДПМНЕ ќе реализираме уште повеќе проекти за кавадарчани и за жителите овде во Тиквешијата.

Така што задоволството е големо и јас секаде онаму каде што треба да имаме отчет пред граѓаните за тоа што сме го сработиле сме тука и сме секогаш на располагање – рече Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.