Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во емисијата 24 анализа рече дека последниот предлог од Франција не ветува почетокот на преговори, тоа е само фотосесија во Брисел. Не се вели никаде отпочнување на преговори, туку дополнително уставни промени кои треба да ги вклучат бугарските барања.
Нема шанси никогаш додека јас сум претседател, ако сум претседател со оваа преговарачка рамка да дозволам, тие да бидат вклучени и уставот да претрпи промени. Во оваа рамка, втората работа што треба да се каже е дека Договорот за добрососедство станува дел од преговарачкиот процес заедно со протокол кој никој жив не го знае. Ако ние не ги смениме учебниците утре, тогаш ќе речат дека го прекршуваат Договорот и тоа е тој протокол за да стават вето. Главниот играч е претседателот на Бугарија, Трифонов е политички играч. Радев е главен креатор на политиката и неприкосновен и сега го споредуваме со шоумен. Ако тој вели дека тој предлог е добар, зошто никој не зборува за германскиот предлог во времето на владата на Меркел, од нивното претседателство, каде исчезна тој? Ајде да зборуваме за португалскиот предлог, што нашата влада го прифати, нели велеа го прифаќаме. Ајде да зборуваме за се што било порано. Зошто сега сето ова не чинело за Радев, и наеднаш ова е добар предлог, најдобар. Сега ние треба како сериозни луѓе да си го ставиме прстот на чело и да размислиме што правиме и каде одиме? И дали треба воопшто треба да размислуваме и да губиме време или треба одма да го отфрлиме. Затоа што секој ден тактизирање на Владата значи дека овој предлог е следната преговарачка позиција и одиме нагоре што се однесува до бугарските барања. Ова не е одговорно од Владата што молчи, рече Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.