Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вчерашното гостување во емисијата „360 степени“ предложи намалување на бројот на пратеници во Собранието од 120 на 90, како и за воведување на изборен модел со една изборна единица.

Мицкоски вели дека така ќе се намали бројот на привилегирани пратеници, а со тоа и фрустрацијата на граѓаните, за која тврди дека сега е преголема.

„Сакаме да предложиме концепт за намалување на бројот на пратеници во парламентот од 120 на 90, слично како словенечкиот концепт, како и воведување на една изборна единица. Овој гломазен систем од 120 пратеници е преголем, тој делува премногу фрустрирачки за граѓаните, преголеми се трошоците, преголема е и акумулираната моќ. Со намалување на бројот на пратеници на 90, ќе се намали и бројот на привелигирани пратеници. Ние сме и за воведување на една изборна единица, бидејќи имаше и други политички партии кои го поддржуваат тој концепт. Подготвени сме за овој концепт“, вели Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.