Попладнево заедно со кандидатот за градоначалник за Маврово и Ростуше д-р Мевмет Џафери, бев во посета на прекрасните рекански села Требиште и Жировница.
Овие населени места се преполни уште некој ден, по што луѓето кои работат по белиот свет ќе мора да ги напуштат родните огништа. Ќе останат малкумина жители со огромните проблеми како недостиг на работа, потреба за пристојна живеачка, подобри услови за живот и перспективи за младите.
Цели 5 години општината Маврово и Ростуше се раскрчмува согласно приватните и бизнис интереси на власта, без суштински инвестиции и без визија за иднина.
Промените по овие локални избори ќе дојдат и во Жировница и во Требиште. Да изградиме општина која ќе обезбедува иднина и сигурност за народот, да обезбедиме проспротитет и пристојни услови за живот. Д-р Мевмет тоа го може и верувам дека промените ќе се заокружат, напиша на Фејсбук, лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.