Христијан Мицкоски не планира во животот ниту да се поздрави со актуелниот министер за надворешни работи Бујар Османи а камо ли да седне на иста маса со него. Ваквата остра реакција на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ доаѓа по денешната изјава на Османи дека ако не го прифатиме францускиот предлог, ќе има меѓуетнички тензии, ќе трпиме за храна и енергија.

За Мицкоски е неприфатливо во 21 век некој да се заканува со меѓуетнички тензии и го нарече Османи кукавица.

Со човек кој се заканува со меѓуетнички тензии во земја членка на НАТО немам намера повеќе да во живото ни да се поздравам, а камо ли да разговарам, рече остро Мицкоски.

ВМРО-ДПМНЕ се уште нема добиено покана да присуствува на седницата на Советот за безбедност што ја свика претседателот Стево Пендаровски за утре. Но, и доколку добие, Мицкоски потврди дека нема да присуствува доколку на истата маса седи и Бујар Османи.

Ако е тој на истата маса каде што сум јас, не, рече Мицкоски.

Мицкоски му порача на Османи дека не се плаши ниту македонскиот народ, ниту граѓаните се плашат од тие што се закануваат и дека само кукавица се заканува, а тој кој не е кукавица доаѓа пред народот и пред народот објаснува што е и како е.

Така да тие кукавици кои се закануваат со меѓуетнички тензии сакам да им кажам дека овој народ одамна ги надрасна криминалците во политиката, и овој народ се бори за својот идентитет и овој народ е подготвен да се избори за својот идентитет, рече Мицкоски.

Мицкоски посочи дека власта за вековното предавство кое денес сака да го направат е поголемо од Коте од Руља нема да се заборави и ќе се помни, додека за консултации со министерот Османи, кој денеска изјави дека ако не го прифатиме предлогот ќе има меѓуетнички тензии, Мицкоски порача дека со такви политичари кои се закануваат со меѓуетнички тензии во земја членка на НАТО нема намера ни да се поздрави, а камо ли да разговара.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.