Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска од партиското седиште ги повика граѓаните на протестот што ќе се одржи на 18 јуни во 20 часот, со цел, како што кажа, да се спротивстават и да се борат за смена на власта.
Мицкоски оцени дека се чекор поблиску до предвремени парламентарни избори и најави оти ќе продолжат со активностите до крај да го водат овој процес, до, како што кажа „последен ден на буткање на оваа Влада“. Но, како што рече, не очекува од власта да се повлече и дека на 19-ти јуни ќе се согласи за превдремени избори.
– Јас не очекувам од овие луѓе да кажат нешто поинаку. Нормално дека они ќе гледаат да го искористат и последниот рок за да продолжат да го крадат народот и да ја осиромашуваат Македонија. Овие луѓе се неодговорни, самобендисани и луѓе кои се изгубени во власта и мислат дека привилегијата ним им припаѓа бидејќи им е вродена од татко и дедо наследена. Не. Но, ние ќе продолжиме да се бориме, рече Мицкоски.
Нагласи дека ќе продолжат, бидејќи според него не е одговорно да молчат и најави и други активности во Парламентот.
Ако тие мислат дека по која било цена можат да му се спротивстават на народот, а народот е тој којшто е суверен во оваа држава тогаш мислам дека народ ќе им се случи и колку високо летаат верувајте многу посилно и пониско ќе слетаат. Ценам дека сме поблиску, секој ден сме се поблиску ќе има и понатаму активности, не очекувам дека веќе на 19-ти тие ќе се вразумат, ќе бидат нови луѓе. Јас реков дека не верувам во инстант успеси или инстант решенија, ова ќе биде процес кој ќе трае и ние сме подготвени до крај да го одиме овој процес, до последен ден на буткање на оваа Влада, рече Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.