Секогаш претставува задоволство да се присуствува на завршени проекти кои што беа дел од програмата за локалните избори минатата година, градоначалникот на Свети Николе заедно со тимот овде покажува исклучителна посветеност, храброст, чесност, работливост и можам да кажам дека огромен процент од програмата која што беше ветена за време на минатогодишната кампања за локалните избори веќе е реализирана, рече денеска Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО ДПМНЕ кој беше во посета на Свети Николе.
Еден таков објект е и оваа спортска сала која што ја гледате тука позади, за другите проекти Дејан веќе зборуваше, кажа кои се завршени, кои ќе бидат во план за следната 2023 година и практично со тоа најголемиот дел од ветеното ќе биде испорачано пред граѓаните. Но, за да направиме проект повеќе потребни се предвремени парламентарни избори и некоја нова влада, народна влада која што ќе има кредибилитет и легитимитет од народот да вложува заедно со единиците за локална самоуправа, со општините и во проекти кои што не биле ветени за време на кампањата, но проекти кои што ќе значат подобар живот и подобри услови за живот на жителите на тие општини, како што имаме планови за жителите овдека во општина Свети Николе, рече Мицкоски.
Јас сум убеден дека следната година ќе имаме овдека навистина градежен, инвестициски бум продолжение на тоа што беше оваа година. Во еден неформален разговор со Дејан ми кажа дека повеќе од 90% од планираните капитални инвестиции за оваа година се реализирани што е и исклучителен голем подвик и убеден сум дека и така ќе продолжи во следната година и за жителите на Свети Николе ќе направи подобар амбиент, подобри услови за живот и голем број од тие кои што се имаат иселено ќе се вратат назад, а заедно со новата влада која ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ ќе работиме на поголем стандарт и повеќе можности и услови за работа и на жителите на општина Свети Николе кои што се овде во општината но и оние кои што поради политиките на општината но и на идната влада ќе се вратат назад. Така што уште еднаш дозволете ми на крај да го честитам големиот христијански православен празник, Св. Никола, оние кои што д го денска слават како свој именден, оние кои што го слават како своја куќна слава да им ја честитам славата, да им го честитам името, да им посакам здравје, среќа ним и на нивните семејства. Исто така на сите граѓани во Република Македонија да им посакам здравје, среќа и успех бидејќи на сите ќе ни е потребно најпрво здравјето, малку среќа, а нормално ако имаме здравје и среќа дека ќе бидеме успешни, сигурен сум во тоа, кажа Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.