Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски пред самиот почеток на денешната средба со премиерот Димитар Ковачевски во кратка изјава за медиумите рече дека тие сметаат дека во оваа ситуација мора да помогнат на граѓаните.

 

Самиот факт што само 500 семејства во Скопје утрово се разбудија со топли радијатори, говори дека работата е катастрофална. Како ВМРО-ДПМНЕ цениме дека мора да се помогне. Разговаравме и со коморите и со бизнисот, секојдневно комуницираме со граѓаните. Побаравме официјална средба со Владата. Вчера добивме потврден одговор дека Ковачевски ќе не прими, затоа што не се однесува само на оваа зима, туку и на следната година. Цениме дека мора да помогнеме на граѓаните. Мора да покажеме државност, а не да собираме политички поени, рече Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.